Опис
Колектор за подно греење 10 излеза 1″ Pressblock е прецизно изработен елемент за управување со подни грејни системи со повеќе зони. Овој модел е создаден за професионални инсталатери кои бараат сигурност, квалитет и лесна монтажа. Изработен е од нерѓосувачки челик AISI, отпорен на висока температура и корозија, што гарантира долготрајно и безбедно користење.
За разлика од стандардните модели, разделник за подно греење 10 излеза 1″ Pressblock е со приклучоци ¾” на кои можат да се монтираат Еуроконус полуспојки. Овие приклучоци овозможуваат флексибилност и прилагодување кон различни типови на цевки, но не се дел од производот. Колекторот доаѓа подготвен со котловска славина, славина за испуштање воздух и цврсти држачи за брза инсталација, со сите неопходни елементи за безбедно функционирање на системот.
Технички спецификации
-
Приклучоци: ¾” машки навој за Еуроконус полуспојки
-
Работен притисок: 0 – 6 bar (макс. 10 bar)
-
Температура на работа: 5 – 55 °C (макс. 90 °C при 3 bar)
-
Материјали: AISI нерѓосувачки челик, PPS, PA6.6, PA12, EPDM
-
Интеррастојание меѓу излезите: 50 mm
-
Монтажни држачи: 210 – 273 mm
-
Флусиметар: 0–5 l/min, Kv 0.78 целосно отворен
-
Вентил за термоактуатор: Kv 1.92
Кликнете овде доколку сакате да дознаете повеќе за овој прродукт.
Колектор за подно греење 10 излеза 1″ Pressblock овозможува стабилна работа на системот и лесно прилагодување на секој греен круг. Квалитетната изработка овозможува сигурност и енергетска ефикасност во подното греење.
Со својот компактен дизајн и можноста за користење на Еуроконус полуспојки, разделник за подно греење 10 излеза 1″ Pressblock е идеално решение за модерни системи кои бараат брза монтажа, долготрајна издржливост и флексибилност во приклучувањето.
Доколку сакате да ја погледнете целата програма која ја нудиме за разделници за подно греење, кликнете овде.




