За успешно да ги обработиме нарачките, потребни ни се име и презиме на нарачателот, адреса за доставување, е-маил адреса и број на телефон. Со помош на споменатите податоци можеме да ги испорачаме саканите производи, како и да ги известиме купувачите за моменталниот статус на нарачката.
Секој корисник при регистрација и купување, изјавува дека е запознаен и се согласува со нашата Политика на приватност.
Доколку се регистрирате, сите лични податоци кои ќе ги внесете преку формата за регистрација, ќе се користат за потребите за достава на производот, реализација на плаќањето, како и за рекламирање на производи и услуги обезбедени од наша страна.Сите податоци се чуваат согласно одредбите од Законот за заштита на лични податоци и не се отстапуваат на трети страни.
Податоците кои ги собираме и се чуваат кај нас, нема да се објавуваат, продаваат или доставуваат на трета страна освен на надлежните органи на начин определен со законските прописи на Република Северна Македонија.
Тодо Систем Дооел е компанија која нуди комплет опрема за греење,водовод и климатизација.