Опис
Врвна ефикасност и дизајн
Фенкојлер Riello Designer Inverter 33b претставува врвна комбинација на дизајн, технологија и енергетска ефикасност. Овој фенкојлер користи DC Brushless Inverter мотор, што овозможува континуирано менување на брзината на вентилаторот од 0 до 100%, прилагодувајќи го протокот на воздух и капацитетот за ладење или греење според потребите.
Функции за секој простор: PERFORMANCE и COMFORT
Уредот Фенкојлер Riello Designer Inverter 33b нуди две вградени функции на работа: PERFORMANCE и COMFORT, кои корисникот може да ги избере според потребите. PERFORMANCE режимот е наменет за деловни и комерцијални простори каде е потребна висока ефикасност и брзо постигнување на температура, додека COMFORT режимот е идеален за станбени објекти, обезбедувајќи тивка работа и стабилен комфор.
Интуитивна контрола – без дополнителни трошоци
Управувањето со уредот е брзо и интуитивно благодарение на вклучениот touch дисплеј/контролер, кој доаѓа вклучен во цената и во самата опрема – нема дополнителни трошоци.
Погледнете ја целата програма
Погледнете ја целата програма која Тодо Систем ви ја нуди за фенкојлери.
📏 Димензии на моделот DESIGN INVERTER 33B:
-
Висина (H): 580 mm
-
Ширина (L): 1160 mm
-
Длабочина (P): 130 mm
🔧 Технички карактеристики:
-
Ладење: 2650 W (Comfort режим)
-
Греење: 3190 W (Comfort режим)
-
Ладење: 3310 W (Performance режим)
-
Греење: 3905 W (Performance режим)
-
Проток на воздух: 560–461 m³/h
-
Ниво на бучава: 45,5 – 25,6 dB(A) (Performance) / 42,2 – 25,6 dB(A) (Comfort)
-
Монтажа: вертикална или хоризонтална (со додаток)
-
Лесно чистење на филтри
-
Конекции: лево поставени
Дознајте повеќе
Доколку сакате да дознаете повеќе за овој производ, кликнете овде.
Совршен за модерен ентериер
Со длабочина од само 13 cm, Фенкојлер Riello Designer Inverter 33b е дел од HELIOTERM серијата – совршен избор за ентериери каде просторот и изгледот се важни. Овој fenkojler штеди до 50% енергија во споредба со традиционални fan coil уреди благодарение на инвертер моторите, што го прави одлична опција за долгорочна заштеда.
Лесна инсталација и напредна технологија
Инсталацијата е лесна, а флексибилноста во позиционирање овозможува поставување во различни простори. Издржливата конструкција, модерниот дизајн и интелигентната контрола го издвојуваат овој fenkojler како едно од најдобрите решенија на пазарот.
Вашиот вистински избор
Ако барате стил, перформанси и сигурност, овој fan coil систем е вистинскиот избор за вас – со вклучен контролер во цената!