Услови за враќање и општи одредби

Проверка на производи
Купувачот е должен при приемот на пратката ,истата детално да ја провери за евентуални видливи оштетувања,и да провери дали е испорачана во целост. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци веднаш да се пријави на доставната служба и заведе во испратницата.
При превземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише и испратницата од доставувачот и да задржи еден примероk за себе како потврда за превземањето.
Наплатата на производите и на поштенската услуга се врши при достава на робата.
За сите други информации контактирајте не преку email: info@todo.mk

Замена на производ
Доколку по прием на нарачаниот производ заклучите дека сакате да го замените или вратите Ве молиме да не контактирате на е-маил на info@todo.mk Неопходно е да го имате бројот на фактурата/испратница и фискална сметка за да ви биде заменет или вратен производот .
По ваш контакт во рок од 3 дена ќе ве информираме за процесот на замена или враќање на производот.
Производот мора да бидe неоштетен и спакуван во неговото оригинално пакување со етикета и фактура.
По прием на производот, ќе се утврди дали производот е во правилна состојба и неоштетен. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, ќе биде одбиена замената и производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.

Рок на замена
Процедурата за замена на производи купувачот може да ја започне најдоцна во рок од 15 дена од прием на производот.
Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, освен во случаите кога купувачот добил неисправен или погрешен производ.
Напомена
Со потврда на нарачката, со клик на копчето ПОТВРДИ, се согласувате со условите за замена или враќање на производ.

*Тодо систем дооел се стреми да биде што е можно попрецизен во описот на сите производи, фотографии и цени .Сепак, не можеме да гарантираме дека сите наведени информации, цени и фотографии на производи не содржат грешки.